fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Nagradi biznis planoviЗголемени работни вештини на припадниците на заедниците од скопскиот и југозападниот регион

На 26.12.2017 г. заврши спроведувањето на проектот „Пристап на Ромите до (само)вработување“ преку кој повеќе од 140 Роми, Египќани и припадници на другите заедници од Скопје, Охрид, Струга и Кичево, како и од другите општини од скопскиот и југозападниот регион, ги подобрија своите вештини за да се вклучат на пазарот на трудот.

Учесниците во проектот ги зголемија можностите за вработување и самовработување и ги подобрија своите вештини преку обуките за комуникациски вештини и активно барање работа, обуките за претприемништво и за технички вештини, како и обуките низ работа/практикантство.

Praktikantstvo

Својот потенцијал за вработување преку обуките за комуникациски вештини и активно барање на работа го зголемија 70 невработени лица. Обуките за претприемништво им овозможија на 66 лица да ги развијат своите вештини за ефикасно и ефективно водење бизнис и своите идеи да ги преточат во бизнис планови, а најдобрите 3 идеи беа наградени.

Благодарение на 19 компании, 38 невработени лица стекнаа практични вештини во период од два месеци и безрезервно ја прифатија можноста за стекнување на своето прво работно искуство. Со нови вештини за фризери, шминкери, монтери на соларни панели, нега на деца, компјутерско сметководство и столари, се стекнаа 17 лица преку обуки за технички вештини во период од три месеци.

Zavrsna konferencija

Во рамки на проектот е и публикацијата Претприемништво и развој на бизниси кај припадниците на заедниците во Македонија која претставува компилација од наодите и препораките од спроведеното истражување за претприемништвото и развојот на бизниси и „старт-ап“ кај припадниците на заедниците во Р. Македонија.

Sertifikati tehnicki vestini

Проектот е со времетраење од 12 месеци, спроведуван од Македонската развојан фондација за претпријатија (МРФП) и Локалната агенција за развој од Струга, а финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програмата за развој на човечки ресурси преку Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика.