fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Poddrshka za razvoj na zemjodelski zadrugi vo Makedonija 1На 22 март 2018 година, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа промоција на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“.

Проектот ќе се спроведува од страна на CARE Deutschland –Luxemburg и Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП).

Вкупниот буџет на проектот изнесува 1,980,000 евра. МРФП ќе раководи со 1,391,445 евра.

Времетраењето на проектот е 38 месеци.

Проектот е  финансиран од Европската Унија преку буџетска линија: Инструмент за претпристапна помош - ИПА II. 

Целта на проектот е зголемување на пазарната конкурентност и соработката меѓу земјоделците во Македонија, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање на нови земјоделски задруги. 

Со проектот се планирани низа активности за остварување на следните резултати:

  • Ревидирана правна рамка за земјоделски задруги преку соработка на проектниот тим, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и чадор организацијата на земјоделските задруги. Ќе бидат спроведени: длабинска анализа на правната рамка и политиките за земјоделски задруги, формулирање на предлог измени проследени со јавна расправа, формирање на работна група и дебата за можни решенија, поддршка за воспоставување на систем за следење на земјоделски задруги.
  • Зајакнати капацитети на чадор организација на земјоделските задруги која ќе добие техничка и финансиска поддршка.
  • Зголемена свест меѓу земјоделците, бизнисите и пошироката јавност за придобивките од задругите со спроведување на кампања за подигнување на јавната свест за придобивките од задругите и инфо сесии со локалните заедници. 
  • Обезбедена техничка и финансиска поддршка за развој на 8 постоечки и за создавање на 12 нови земјоделски задруги за реализација на нивните бизнис планови и советување во процесот на реализација на истите. 

На промоцијата присуствуваа претставници на институциите на власта кои се надлежни за развој на земјоделството во Македонија, претставници на медиумите, донатори, домашни и меѓународни организации, како и претставници на земјоделските задруги. 

На настанот се обратија: Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Konstantinos Soupilas, претставник од Делегацијата на Европска Унија, Весна Јовановиќ, Регионален координатор на CARE Deutschland -Luxemburg, Тетјана Лазаревска, Извршен директор на МРФП, Драган Периќ, Проектен менаџер CARE Deutschland -Luxemburg.

Poddrshka za razvoj na zemjodelski zadrugi vo Makedonija 2Poddrshka za razvoj na zemjodelski zadrugi vo Makedonija 3

https://open.spotify.com/track/6XRSupGUrYu7Qcvez2J9Jf?si=4xNStQE_TjKS03QFjp5sWQ