ЧПП
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

 

Македонската развојна фондација за претпријатија (во понатамошниот текст: МРФП) е фондација регистрирана согласно Законот за здруженија и фондации.
Мисијата на МРФП е поддршка на развојот на малите претпријатија. За повеќе информации за работата на МРФП посетете ја нашата веб страница, во делот За нашата работа.
МРФП се воспостави како резултат на соработката на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Владата на Кралството Холандија во 1998 година. МРФП е регистрирана во Регистарот на здруженија и фондации на 25.11.1998 година како прва регистрирана фондација согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница, во делот За нас.
Визијата на МРФП е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија. Долгорочните цели на МРФП се: подобрен пристап до финансиските услуги; промовирано претприемништво, иновации вклучени во главните текови, развиени партнерства за развој; и обезбеден институционален и организациски развој на МРФП. За повеќе информации околу целите, посетете ја нашата веб страница, во делот За нас.
Основач на МРФП е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). МЦМС како основач на МРФП, преку членовите во Советот на МРФП избрани по предлог на МЦМС, има посебни права утврдени со овој Статут при одлучување за донесување, измена и дополнување на Статутот, на генералната политика и стратегија, како и за статусни промени и престанок на МРФП.
Приходите на МРФП во 2017 година изнесуваа 54,5 милиони МКД, а расходите 34 милиони МКД. Вишокот на приходи над расходи по оданочување, кој изнесува над 18 милиони денари, со одлука на Одборот на старатели е распределен за зголемување на фондовите на МРФП. За повеќе информации посетете го делот За нашата работа, Годишни извештаи.
МРФП стекнува и прибира финансиски средства од: основачки влог; донации; прилози, подароци и завештанија; вршење сопствена дејност; заеми; камати; и приходи од инвестиции и хартии од вредност. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница, во делот За нашата работа, Годишни извештаи.
Средствата на МРФП се употребуваат за спроведување на целите на МРФП.
На пример, во текот на 2017 година исплатени се кредити во износ 166 милиони денари кон 726 клиенти. Кумулативно, вкупно исплатените кредити од почеток со работа на МРФП до 31.12.2017 г. е над 3,12 милијарди денари (50,8 милиони евра) кон 14,525 клиенти, со што се поддржани вкупно 20,326 постојни и 5,757 планирани работни места. Со двете програми финансирани од ЕУ преку ЦФЦД, чие спроведување заврши годинава, беа постигнати одлични резултати. Низ разни модели за поддршка за (само) вработување на Роми, Египќани и припадници на други заедници во Македонија, беа опфатени вкупно 471 невработено лице. Од нив, 106 лица посетија обуки за претприемништво и развија свои бизнис планови, 108 лица имаа можност да се стекнат со вештини преку обука низ работа, а 30 лица по завршување на обуките беа вработени од страна на работодавачите. Дополонително, 45 невработени лица посетија три месечни обуки за равој на технички вештини.
Во рамки на програмата „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“ која е финансирана од УСАИД беа реализирани обуки за финансиско знаење за 219 земјоделци, студенти и претприемачи.
Обуките и советувањата беа дел од проектот „Поддршка за вработување на млади“, чие спроведување АВРМ го довери на МРФП. На вкупно 67 обуки, 908 учесницисе се стекнаа со претприемачки вештини. Дел од учесниците, со стекнатите вештини ги искористија други активни мерки за вработување кои ги нуди АВРМ, на кои може да се добие грант за почетни бизниси до 4.000 евра и Програмата за старт-ап бизниси за млади на која грантот изнесува 5.000 евра.
МРФП заедно со партнерите, по 11-ти пат ги избраа најдобрите претприемачи во Македонија во категоријата на мали и микро претпријатија.
МРФП е организирана во извршна канцеларија, која е одговорна за раководните, како и за стручните и административните работи, односно ги води секојдневните работи, поддршката на органите на МРФП и спроведувањето на политиката и програмите одобрени од органите на МРФП. Извршната канцеларија ја сочинуваат извршниот директор, раководните лица и потребниот број соработници, вработени во МРФП. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница, во делот За нас, Нашата структура.
Персоналот го води лидер на тимот, во функција на извршен директор. Извршниот директор на МРФП е именуван од Одборот на старателите. Во моментов, на таа функција е избрана Тетјана Лазаревска.
Седиштето на МРФП е во Скопје. Адресата е: ул. „Никола Парапунов“ 41А, п.фах 109, 1060 Скопје. Тел.02/3088-988; факс: 02/3088-989.
Да, има. МРФП за потребите на програмата Економски активности на Косово, што е поддржана од Европската комисија регистрираше своја канцеларија во Пеќ, Косово. Адресата на канцеларијата е Mbreti Bardhyl C-31, Peja/Pec, Kosovo. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница, во делот За нашата работа.
Највисок орган на МРФП е Советот, кој брои 14 члена. Советот го избира Одборот на старатели кој е орган на општо управување и надзор на МРФП. Одборот на старатели брои 7 члена. Мандатот на овие органи е четири години, со право на два повторни избори. За повеќе информации (актуелни членови на органите) посетете ја нашата веб страница, во делот За нас, нашата структура.