fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Moden kreator za najubaviot den vo zhivototПриказна на Рамзие Амет започнува пред 30тина години. Школувањето и дипломата која ја стекнала за моден креатор, како и љубовта кон оваа уметност и помогнале со години успешно да создава прекрасни венчаници и уште повеќе да го разубавува најсреќниот момент на идните невести.

So dobra ideja i kvalitet do inovativni proizvodiПриказната за АЦДЦ ДЦАЦ започнува во 1994 година со отворање на сервис за аудио и видео опрема, со 7 вработени. Со тек на време, приходите од сервисирање на производите се намалувале, па во 1998 година започнале со склопување на Самсунг телевизори. Откако замрела и таа дејност, влегуваат во првиот проект за напојување на уреди со користење Со добра идеја и квалитет до иновативни производина ДЦ-ДЦ конвертор.

Na tradicionalen nachin se vadi parche lebМилка Блажева заедно со својот сопруг Блаже започнале со производство на селски леб на традиционален начин уште во далечната 1992 година. Идејата за започнување со овој бизнис произлегува од нејзиниот сопруг кој го „испекол“ пекарскиот занает уште од неговите средношколски денови. Дополнително во 2005 година отвориле и маалска пиљара каде што ги продаваат и дел од своите производи.

So investicii do poefikasno zemjodelstvoВо селото Карбинци, Штипско, живее и работи Славчо Данев со своето семејство. Тие активно се занимаваат со земјоделство и сточарство целиот свој живот. Скоро сите должности околу земјата и добитокот Славчо Данев ги врши со својот син и со помош на двајца вработени.

Od skromna rabotilnica do uspeshen semeen biznisПрвите чекори кон она што „Скендер-пром” е денес, започнуваат од далечната 1998 г. По останувањето без работа, таткото на Неат Селим се чини дека ја носи најдобрата одлука. Отвора мала продавница од 12м2 за трговија со стакло и стаклени производи лоцирана во градот Ресен, која претставува почеток на приказната за бизнисот на семејството Селим.

makedonsko ekolosko resenie macblueЗа Петре Танчев, занимавање со хемиско инженерство било логично продолжение на она што со години го студирал на „Технолошко-металуршки“ факултет во Скопје и на Магистерски студии за технолошко инженерство на животната средина. По неколкугодишен работен ангажман во претпријатие за производство на биодизел, Петре во 2015 основа сопствено претпријатие “Еко Мастер Дооел” каде започнува со производство на течноста ‘MacBlue’, која всушност е пандан на познатиот бренд „AdBlue“ (нетоксичен раствор на уреа - вештачко ѓубре кој се користи за хемиски намалување на емисијата на штетни гасови од возила со тешки дизел мотори).