Пристап на ромите до (само)вработување
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во соработка со Локалната агенција за развој Струга (ЛАР Струга), во периодот од 27 декември 2016 до 26 декември 2017 година го спроведе проектот „Пристап на Ромите до (само)вработување“.

Општата цел на проектот беше: Да се зголемат работните вештини на Ромите и (само)декларираните Египќани во Македонија за влез на пазарот на труд.

Со проектот остварени се следните резултати:

  • Зголемени потенцијали за пронаоѓање на работа на целната група преку обуки за комуникациски вештини за 70 лица и обуки за претприемништво за 66 лица;
  • Зголемени вештини за (само)вработување на целната група преку обуки за практикантство за 38 невработени лица,
  • Развиени технички вештини на 17 лица од целната група,
  • Адресирани мотивациски фактори за регистрирање на старт-ап бизниси на целната група.

Во рамки на проектот се спроведоа низа на активности. Најпрво, проектот започна преку информирање и мотивација на целната група, се идентификуваа три групи на учесници во проектните активности: невработени лица, лица кои активно бараат работа и претприемачи и старт-апи. За нив беа креирани професионални профили кои ги насочија кон специфичните обуки во рамки на проектот. 

Својот потенцијал за вработување преку обуките за комуникациски вештини и активно барање на работа го зголемија 70 невработени лица. Обуките за претприемништво им овозможија на 66 лица да ги развијат своите вештини за ефикасно и ефективно водење бизнис и своите идеи да ги преточат во бизнис планови, а најдобрите 3 идеи беа наградени.

Благодарение на 19 компании, 38 невработени лица стекнаа практични вештини во период од два месеци и безрезервно ја прифатија можноста за стекнување на своето прво работно искуство. Со нови вештини за фризери, шминкери, монтери на соларни панели, нега на деца, компјутерско сметководство и столари, се стекнаа 17 лица преку обуки за технички вештини во период од три месеци.

Во рамки на проектот е и публикацијата Претприемништво и развој на бизниси кај припадниците на заедниците во Македонија која претставува компилација од наодите и препораките од спроведеното истражување за претприемништвото и развојот на бизниси и „старт-ап“ кај припадниците на заедниците во Р. Македонија.

Времетраењето на проектот беше 12 месеци, односно од 27.12.2016 г. до 26.12.2017 г.

Вкупниот буџет на проектот „Пристап на Ромите до (само)вработување“ изнесуваше 151.580,85 ЕУР (9.321.752,37 МКД). Европската Унија финансираше 95% од вкупниот буџет, додека остатокот од 5% е обезбеден преку кофинансирање од МРФП и ЛАР Струга.

Во продолжение се дадени неколку фотографии од реализираните активности.

pristap do samo vrabotuvanje 1pristap do samo vrabotuvanje 2

pristap do samo vrabotuvanje 3