fbpx
Претприемач на годината
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

png-2013Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Томе Тасевски, ко-сопственик на стоматолошката поликлиника Ендомак, Скопје, а втората на Горан Јошевски, менаџер на туристичката агенција ЈК Травел.

Првата награда во категоријата микро претпријатија му е доделена на Ислам Рамизи, ко-сопственик на градежната компанија Монтеко, а втората на Благоја Самакоски, сопственик на Институтот за современи композити и роботика од Прилеп.

На 23.12.2013 година, во хотелот Александар Палас во Скопје, беа доделени награди за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија. Наградата се доделува по 7-ти пат, а целта е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери.

Во двете категории, прво наградените претприемачи добија златни статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 50.000 денари, а второ наградените добија сребрени статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 25.000 денари.

Изборот на „Претприемач на годината – 2013“ беше направен врз основа на податоците од Централниот регистар на РМ. Имено, 79 микро и мало претпријатие, во периодот од 2010 до 2012 година, имаат реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции. Крајниот избор вклучи претприемачи кои изразија интерес за доставување податоци преку прашалник, посета на терен, анализа и оценка, согласно однапред утврдени критериуми (посветеност на сопствена и обука на неговите вработени, маркетинг и стратегија на раст, инвестиции во истражување, развој и иновации и др.), и кои беа избрани за најдобри.

Главни организатори на Претприемач на годината 2013 се Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија која оваа година слави 15 години од своето основање, и Стопанската комора на северозападна Македонија. Ко-организатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Покровител и организатор е Министерството за економија на Република Македонија. Спонзор на настанот беше Штедилница Можности, додека медиумски спонзори беа Поинтер, Македонската радио-телевизија, Канал 5 телевизија, Алфа телевизија, Нова Македонија, и порталот Курир.