fbpx
Претприемач на годината
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Pretpriemac na godinata 2011Првата награда во категоријата микропретпријатија му е доделена на Димитар Сеизов, управител на филмската продукција Мунлајт, Скопје, а втората на Елеонора Настова-Димова, управител на рибникот „Дошница”, Неготино.

Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Јуре Горгиев, сопственик на откупниот центар Фунги флора, Радовиш, а втората на Исмаил Османи, сопственик на градежното претпријатие „Хулуси комерц”, Куманово.

Доделена е и специјална награда за претпријатието Пескара-вел од Велес – плакета за „Најиновативно претпријатие во 2011 година”.

На 22 декември 2011 година во Скопје, беа доделени наградите за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија. Наградата се доделува по 5-ти пат, а целта е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери.

Првата награда во категоријата микропретпријатија му е доделена на Димитар Сеизов, управител на филмската продукција Мунлајт, Скопје, а втората на Елеонора Настова-Димова, управител на рибникот „Дошница”, Неготино.

Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Јуре Горгиев, сопственик на откупниот центар Фунги флора, Радовиш, а втората на Исмаил Османи, сопственик на градежното претпријатие „Хулуси комерц”, Куманово.

Во двете категории, првонаградените претприемачи добија златни статуетки и ваучер наменет за маркетинг-активности во износ од 60.500 денари, а второ наградените добија сребрени статуетки и ваучер наменет за маркетинг-активности во износ од 25.000 денари.

Министерот за економија, Ваљон Сараќини, во рамките на тековниот проект „Признанија за најдобрите”, додели специјална награда за претпријатието Пескара-вел од Велес – плакета за „Најиновативно претпријатие во 2011 година”.

Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината  2011” беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на РМ. Имено, 110 микро и мали претпријатија, во периодот од 2008 до 2010 година, имаат реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции. Крајниот избор вклучи претприемачи кои изразија интерес за доставување податоци преку прашалник, посета на терен, анализа и бодирање, согласно однапред утврдени критериуми: посветеност на сопствена и обука на неговите вработени, маркетинг и стратегија на раст, инвестиции во истражување, развој и иновации и др.

МРФП е еден од главни организатори на Претприемач на годината 2011