fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

donacija2Над 700 здравствени работници од Универзитетските клиники за детски болести и за гинекологија и акушерство, вчера, 7 мај 2020 година добија 1462 медицински одела како донација од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и штедилницата Можности. На овој начин, организациите им излегуваат во пресрет на се поголемите потреби на здравствените работници за заштитна облека што произлегува од кризата предизвикана од вирусот Ковид-19.

Kreativnata i kulturnata industrija e znachaen faktor za pottiknuvanje na ekonomskiot razvojНа 17 декември 2019 г. во Скопје се одржа настанот „Претприемач на годината 2019“. Овој настан е еден од најпопуларните настани за поттикнување на претприемачкиот дух во државата преку промоција на успешни примери на најдобрите мали и микро претпријатија. Присутни беа повеќе од 150 гости меѓу кои претприемачи, претставници на државните институции, стопанските комори, граѓански организации и медиумите.

Pretpriemnishtvo i kreativnost Koga eden plus eden e povekje od dva 1На 2 октомври, 2019 година, беше организиран првиот настан за споделување и мултиплицирање на резултатите од проектот „CreatINNES” - Стратешко партнерство за иновации и развој на бизнис вештини во културните и креативните индустрии на тема „Претприемништво и креативност – кога еден плус еден е повеќе од два“.

Analiza na potrebite vo kulturnata i kreativnata industrijaКако дел од проектот „CreatINNES” - Стратешко партнерство за иновации и развој на бизнис вештини во културните и креативните индустрии во кој партнер е и Македонската развојна фондација за претпријатија беше спроведена анкета и анализа на потребите во културните и креативните индустрии (ККИ).

2KK 6391 scaledНа 25.11.2019 г. во х. Холидеј Ин во Скопје, потпишани беа 17 договори за финансиска поддршка (ЕУ грантови) за 9 постоечки и 8 новоформирани земјоделски задруги. Финансиската поддршка од Европската Унија е за инвестиции во објекти и опрема за преработка, складирање и маркетинг на земјоделски производи со кои се подобруваат капацитетите на земјоделски задруги и конкурентноста на земјоделството.