Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот финансиран од Европската унија „Зелена младина, зелен раст“ објавува Повик за финансиска поддршка на акции за зелена трансформација.
Повикот има визија да ги поддржи граѓанските организации во Северна Македонија во спроведување иновативни зелени иницијативи кои ќе придонесат кон справување со климатските промени, заштита на животната средина и унапредување на циркуларната економија.
Специфичната цел на овој повик е: зајакнати капацитети и зелени акции на локални граѓански организации за општествено-економски и еколошки развој и зголемена еколошка одговорност.
Акциите кои ќе се поддржат преку овој Повик треба да бидат насочени кон реалните потреби на локалното население. Се очекува акциите да бидат иновативни, да продуцираат опипливи резултати и да обезбедат долгорочно влијание.
Краен рок за поднесување на пријавите
15 декември 2025 година, до 16:00 часот (локално време, Скопје).
Финансиска рамка
Вкупниот индикативен износ на акциите кои ќе бидат поддржани преку овој повик е 9.225.000 денари.
Вкупните прифатливи трошоци на проектните акции во рамките на овој повик мора да се движи меѓу следниве минимални и максимални износи:
- минимален износ: 615.000 денари.
- максимален износ: 922.500 денари.
Секој грант побаран во рамките на овој мора да се движи меѓу следниве минимални и максимални проценти од вкупните прифатливи трошоци за акцијата:
- минимален процент: 60% од вкупните прифатливи трошоци на акцијата.
- максимален процент: 90% од вкупните прифатливи трошоци за акцијата
Салдото (т.е. разликата помеѓу вкупниот трошок на акцијата и износот побаран од Договорниот орган) мора да се финансира од други извори, а не од општиот буџет на Европската унија.
Информативни сесии
За овој повик ќе се одржат информативни сесии најдоцна до 24 ноември 2025 година.
Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на информативните сесии треба да изразат интерес преку е-пошта на:
Упатства и обрасци за аплицирање
Деталните упатства и потребните обрасци за аплицирање може да ги преземете подолу:
- Повик за финансиска поддршка
- Прашања и одговори (ќе бидат објавени дополнително)
Обрасци за поднесување пријава:
Пријавите се поднесуваат електронски, на е-пошта:
Проектот „Зелена младина, зелен раст“ е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија (ЏА) и Центар за едукација и претприемништво Можности (ЦЕП Можности).