Роза Попоска-Петкоска веќе 20 години успешно се справува со транспортот на материјали и опрема во нејзиното претпријатие Алфа омега транспорт од Прилеп. Главните клиенти им се рудниците Бучим и Саса, односно фабриката Фени. При средбата, Попоска-Петкоска ни објасни дека кредитот од МРФП, обезбеден преку ИК банка, бил искористен за набавка на 4 транспортни камиони и 3 придружни приколки, кои се веќе во употреба. Вкупната инвестиција изнесува 85.800 евра. И тука не застануваат нивните амбиции.
„Ние сме сертифицирани застапници на возилата од на Сеат и Шевролет“, вели Попоска-Петкоска, „но, привремено моравме да ги оставиме на страна нашите планови за продажба на овие возила, поради увозот на стари возила. Сепак, наскоро ќе започнеме со продажбата во поголем дел од земјата“. Претпријатието се занимава и со сервисирање на возила, а следното проширување го гледаат во отворањето авто-школа. „Веќе сме во процес на добивање дозвола од локалната самоуправа за отворање авто-школа. Сметаме дека можеме да бидеме конкуренти и на ова поле“, вели Попоска-Петкоска.