fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

mozhnostite treba da se pretvorat vo biznisЕрол Џеладинов од Велес веќе 13 години успешно ја води „Џени компани“ која се занимава со набавка, продажба и инсталирање на сателитски антени, како и продажба на компјутерска и телефонска галантерија.

koga detskata strast stanuva zhivotna opredelba i biznisТемелко Крстевски од Скопје целиот живот му го посветил на автомеханичарството. Неговата страст од детството, станала занимање и бизнис. Крстевски смета дека животната определба е нешто што го носиш со себе.

vo biznisot treba da bidesh prepoznatlivВаско Гелев раководи со компанијата Евроконтакти од Прилеп која се занимава со откуп, преработка и продажба на отпад (пластика, хартија и железо).

Vo ugostitelstvoto od mali nozeНикола Миланов од Кочани и неговиот брат уште од мали биле воведени во угостителскиот бизнис. „Татко ми во 1995 имаше мал ресторан наречен „Маалско кафанче“ за кој се грижеше сам, а ни е се врткавме тука и помагавме колку што можеме“, раскажува Никола. Освен ова, имале искуство и од други ресторани во Кочани каде работеле како келнери.

IMG 0617Столарството, особено производството на столчиња-хранилки за деца и детски креветчиња е главната дејност на Ристо Карпузов од Радовиш. „Занаетот почнав да го печам на 16 години, сега веќе во далечната 1966 година“, раскажува Ристо. Работел во шумско-индустрискиот комбинат „Плачковица“, а потоа и во „Јавор“ и во 1983 година го започнал својот бизнис.

IMG 0791Дизајнот и печатењето се опсесија за Ѓорги Коцев и со нив се занимава веќе 21 година. Иако почнал да ги практикува во 1992 година, сопствената компанија Мотив плус ја основал во 2007 година. „Започнавме во приземјето на една куќа во населбата Дузла“, се сеќава Ѓорги, „во прилично примитивни услови и со основна опрема. Дизајнот го правевме сами, но за печатењето понекогаш користевме услуги од други компании кои имаа подобри машини“.

IMG 0560Весна Стефаноска од Скопје веќе 13 години успешно се бори со пазарните ветришта во текстилната индустрија. Мотивот да го напушти работното место била желбата за почнување свој бизнис и остварување подобра заработувачка. Така е создадена „Моден кројач Весна“.