fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

IMG 0753Три илјади кокошки кои дневно носат 2.160 јајца е капацитетот на живинарската фарма „Војнички Мост“ сместена во селото Превалец во близина на Велес. Тоше Димитријовски, еден од сопствениците, пред неколку години, заедно со сопругата Васка и неговиот партнер решиле за започнат сопствен бизнис. „Дотогаш се пробав на повеќе работни места, ама мислам дека ова е вистинската одлука“, вели Тоше.

IMG 0657Сопствениците на С&М ДООЕЛ, сопружниците Маневски водени од желбата за вработување завршиле во сосема различни води од оние за кои се подготвувале во текот на студиите. Зоран и неговата сопруга кои дипломирале на Машинскиот односно на Природно-математичкиот факултет во 1994 година решиле да се пробаат во угостителството. Локацијата за новиот бизнис била во „адвокатска уличка“ во Скопје каде Зоран поседувал гаража. Наместо да ја изнајмат тие решиле сами да го користат просторот и во него да отворат пекара.

IMG 0859Десет години Горан Ристов од Долно Црнилиште се занимава со цвеќарство. Главниот мотив му била љубовта кон цвеќињата иако знаењето во почетокот му било ограничено, односно го знаел тоа што го научил кај роднините во Струмица кои се занимавале со цвеќарство. „Почетокот беше тежок се сеќава Горан. „Почнав да продавам на патот во с. Сарамзалино. Цела недела никој не купи ништо. Последниот ден од неделата дојде еден клиент од Штип и откупи голема количина цвеќињата. Ми беше како знак дека ова е вистинската работа“, додава тој.

IMG 0585„Во земјоделието има добра заработка но, има и доста работа“, вели Марјан Стојанчевски од Скопје. Тој и неговиот брат Перица во 2005 година започнале да се занимаваат со земјоделство. „Татко ми беше трговец, ама ние немавме искуство во трговијата. „Кога почина, не можевме да ја преземеме неговата работа па моравме да бараме друг излез“, раскажува Марјан. Имавме малку знаења за земјоделство, а потоа и вујко ми ни отстапи 10 хектари земјиште во близината на селото Таор и така почна се“, вели тој.

IMG 0606Саветка Арсова и Блага Јованова од Неготино го започнуваат нивното бизнис партнерство во 2007 година со основањето на модната конфекција Меџик Фешн. „Претходно работев во друга конфекција“, вели Саветка, „ама работењето во три смени и ниските примања ме мотивираа да размислувам за сопствен бизнис.“

Vladimir Jordanovski IMG 5278Ова е мотото на Владимир Јорданоски кој професионално се занимава со земјоделство од 2001 година. Започнал со површина од 400 метри квадрати. Земјиштето го  обработувал заедно со сопругата, а за продажбата на пазарите се грижел самиот. „Имам одличен пласман”, вели Владимир и објаснува дека производите ги продава на Зелен пазар во Скопје, на Кванташки пазар, во Скопје и на одреден број на продавници во малопродажба. „Никогаш не продавам неквалитетни (расипани производи)”, вели тој.

Drita Kamceska IMG 5367Земјоделството е традиција во семејството на Дрита Камческа од селото Бела Црква кај Прилеп. „Започнавме со обработка на само два декари земјиште кое беше во наша сопственост и на кое одгледувавме пиперки” се сеќава Дрита, „дел од средствата од продажбата ги вложувавме во проширување на обработливото земјиште и денес моето семејство располага со 100 декари обработливо земјиште од кое половина е во наша сопственост, а другата половина ја најмуваме. Одгледуваме пиперки, кромид, компир и житни култури”, додава таа.