fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

radomir trajkoskiРадомир Трајкоски го основал Крип трејд во 1994 година со сопствен капитал. Гаранција за успех му било 24-годишното искуство искуство во Мермерниот комбинат Прилеп. Така почнало. Основна дејност на Крип трејд е преработка и вградување секаков вид мермер и гранит, а од основањето наваму, претпријатието бележи подем и позитивни резултати.

roza-poposkaРоза Попоска-Петкоска веќе 20 години успешно се справува со транспортот на материјали и опрема во нејзиното претпријатие Алфа омега транспорт од Прилеп. Главните клиенти им се рудниците Бучим и Саса, односно фабриката Фени. При средбата, Попоска-Петкоска ни објасни дека кредитот од МРФП, обезбеден преку ИК банка, бил искористен за набавка на 4 транспортни камиони и 3 придружни приколки, кои се веќе во употреба. Вкупната инвестиција изнесува 85.800 евра. И тука не застануваат нивните амбиции.

suzana-vidojevicСузана Видојевиќ и нејзиното семејство одгледуваат печурки, шампињони. Семејниот бизнис, Дибо компани, се одвива на три локации во Скопје и една во Охрид. Во текот на зимата, тие живеат во Скопје и печурките ги одгледуваат во својата куќа и на уште две изнајмени локации во Ѓорче Петров.

suzana-todorovskaСузана Тодоровска и нејзиниот сопруг до 2002 година работеле во фабриката Брако во Велес. Но, откако Брако бил ставен во стечај, решиле да отворат сопствена фирма за трговија со железо и жичани производи. Во 2003 година започнуваат со производство на светло влечена жица. Започнувајќи го бизнисот, освен за себе, обезбедиле работни места за уште тројца работници.

tamara-krtolicaРемзија Амети со години им го разубавува еден од најважните денови во животот на девојките – денот на нивната свадба. Во малиот дуќан во Т.Ц. Мавровка таа со огромна позитивна енергија и ентузијазам му приоѓа на секој нов невестински фустан како да и е прв во шивачката кариера.

Од својата четврта година Тамара Кртолица е во балетските води. На 18, веќе имала сопствен бизнис, на новите генерации балерини и балетани им давала часови по балет. На 24, таа одлучила да го прошири бизнисот и отворила продавница за балетска опрема, единствена од таков вид во Скопје.

cane-sotiroskiНа крајот од охридското село Лакочереј се издига новиот производствен погон на семејниот бизнис на Цане Сотироски, ИКО 2007. „Произведуваме главно приклучна опрема за земјоделска механизација, како тракторски приколки за транспорт на јаболка, косачки за трева, плугови и сл.“ – го започна разговорот Цане. „Вчера испорачавме цел камион опрема за клиенти од Ресен“, се пофали тој. Во ИКО 2007 работат и на градба на објекти од метални конструкции, репарираат градежна механизација, произведуваат метални огради за тераси.