fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

dishoПретпријатието „Супер груп“ веќе 13 години произведува таан алва. Освен алвата, произведуваат уште таан, сириште-маја, диетални производи и ладно цедено масло. „Успеавме да се одржиме сиве овие години“, вели Уљкер Дишо, управител на фирмата. „Имавме и добри и тешки времиња. На почетокот произведувавме помали количини, потоа со текот на време го зголемувавме производството. Денес можам да бидам горд на тоа што сме го постигнале како фирма“, вели Дишо.

astrit-selmaniСемејството Селмани веќе пет години успешно го води бизнисот со алати и железарија. Нивната продавница во центарот на Тетово е нивниот семеен бизнис. „Кога размислувавме да започнеме со некаков бизнис, ми дојде идејата тоа да биде дуќан со алати и железарија“, се сеќава 24-годишниот Астрит Селмани. „Стоката ја набавуваме од странство или од домашни добавувачи. Во почетокот беше тешко, но сега веќе имаме одреден број постојани клиенти, кои се снабдуваат од нас. Добро е што се гради. Кога тие имаат работа, имаме и ние“, вели Астрит.

sasho-stankovski„Одгледувањето печурките е многу макотрпна работа, но исплатлива, мора да се внимава на температурата, хигиенските услови“, вели Сашо Станковски, кој берберскиот занает решил да го замени за одгледување буковка. Започнување на оваа нова дејност за Сашо Станковски било возможно со средствата од кредитната линија на МРФП што ги обезбедил преку штедилницата „Можности“

samir-idrisiДолгогодишната работа на произведување цемент го поттикнала Самир Идриси да се испроба со сопствен бизнис во истата област. Пред 16 години започнал со производство на цементни тули во својата фирма, Идриси комерц. Оваа година Самир решил да го проширува бизнисот и во потрага по дополнителен капитал дошол до средствата на МРФП преку штедилницата Можности. „Од оваа година започнав со увоз и продажба на плочки, а го зголемив и производството на цементни блокови до 100.000 годишно.

dusko-manasievДушко Манасиев долги години работел во текстилна фабрика во Германија и решил стекнатото искуство да го примени во свој бизнис. Во почетокот тоа била мешовита германско-македонска фирма, а по неколку години, тој продолжил со работата како единствен сопственик на бизнисот на фабриката Елком од Делчево.

Семејството Спиркоски од Прилеп, од неодамна, може да се пофали со уште еден мал бизнис. Покрај такси превозот и работилницата за изработка на лимени предмети тие отворија и канцеларија за правни услуги за граѓаните. Носител на последниот бизнис е Марија. Таа е правник и своето искуство го стекнала во адвокатска канцеларија. „Сметав дека голем број граѓани имаат потреба од правни услуги. Канцеларијата ја изнајмивме веднаш до полициската станица, затоа што мислам дека ваквите услуги граѓаните ги бараат кога имаат работа со институциите“.

zarko-gapicПечатницата „Графохартија“, која е сместена во с. Јурумлери, има историја долга 30 години. За осовременување на машинскиот парк преку набавка на машина за флексопечатник од Германија, „Графохартија“ користи кредит од кредитната линија на МРФП, преку НЛБ Тутунска банка. Кредитот е во износ од 60.000 евра. Оваа машина обезбедува поголема профитабилност, поради фактот што нејзиниот помал обем ја прави пофлексибилна за овдешниот пазар.