fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

San-Mar IMG 5161Предраг Ивановиќ ја регистрирал својата фирма за производство на мебел, Сан-Мар, во 2005 година. Претходно, занаетот го усовршувал во други слични фирми. Почнал со сопствени средства, а во првите неколку години стекнатата заработка ја ре-инвестирал во набавка на машини за производство на мебел, а купил и мал камион за доставување на материјали и финални производи. „Во почетокот имав проблем со пробивањето на пазарот и со нелојалната конкуренција”, вели Предраг, „но потоа си го наоѓате своето место. Работам и за физички и за правни лица, најчесто по препорака на претходни клиенти”.

Ejupi Refet DSCN4843Рефет Ејупи од гостиварското село Форино веќе седум години успешно се занимава со земјоделство и сточарство. По четиригодишната печалба во Швајцарија и во Германија и неколку годишниот ангажман како таксист, во 2006 година решил да му се посвети на сегашниот бизнис. Иако имал само 4 декари земјиште во сопственост, успеал да изнајми дополнителен простор на кој изградил фарма која денес има 20 говеда. Што се однесува до земјоделството, најмногу одгледува пипер.

Hristov IMG 5231Инженерскиот предизвик го водел Зоран Христов во реализирање на идејата за изградба на фотоволтаична централа. Иако ангажиран во компанија за развој на ИТ решенија тој се интересирал за обновливите извори на енергија и сакал да го употреби своето знаење за тоа. Воден од тој интерес, Христов се испробал во проектирање на четири фотоволтаични централи, пред да започне да работи на својата.

arjanit-hodzaАрјанит Хоџа и неговата компанија Фреш фиш две години пливаат во водите на производството и трговијата со риба. Рибникот лоциран во с. Вруток, годишно произведува по 120 тони риба, а со тоа не се исцрпени неговите можности. Засега, рибникот има 7 вработени. Последната инвестиција од 22.000 евра била наменета за проширување на базените, производството и за набавка на класификатор на риба и храна за риби.

aleksandar-kuzmanovskiАлександар Кузмановски го управува наследениот семеен бизнис, Картонпласт, основан уште во 1990 година. Основна дејност на друштвото е производство на картонска амбалажа. Производите на Картонпласт се застапени на домашен пазар со фокус на Скопје поради специфичниот транспорт, а и поради конкуренцијата. „Последната инвестиција“, вели Кузмановски, „била за набавка на деловен простор во Кисела Вода заради подобра комуникација со клиентите“. Фабриката за картон се наоѓа во просториите на поранешна фабрика Стакларница.

gordana-trajanovskaСемејниот бизнис со млечни производи Гордана Трајановска го започнала пред 12 години, во 2000 година. Вемарс ДООЕЛ е сместен во с.Побожје, Чучер Сандево, и произведува јогурт и кисело млеко. Приказната за семејниот бизнис ја раскажа Саве Трајановски, синот на Гордана. Бизнисот го почнале со сопствен капитал и објект, инвестирале во опрема, комори, лабораторија и возило кое го користат за дистрибуција и откуп на млеко.

ivica„Да не беше кредитот, немаше да продолжам со работата“, ја почнува својата приказна Ивица Бошков, управител на Ице плин од Скопје, „бидејќи претходно плаќав висока кирија, а и приходите не беа сигурни“, додава тој. Претпријатието на Бошков врши монтажа и демонтажа на плински уреди. Во основањето на претпријатието му помогнало неговото претходно искуство во одделот за водород во Железарница.